Консалтинг Плус е компанија за книговодствени и интелектуални услуги основана на 18.03.1993 како семејна компанија. Од мала книговодствена компанија прераснавме во компанија која дава книговодствени услуги на повеќе десетици фирми со најразлична дејност. Нашите клиенти го препознаа квалитетот и вниманието кое Консалтинг Плус го посветува на секој клиент на патот за остварување подобри резултати. Ние го растеретуваме вашето работење од сите напнатости кои може да ги предизвика незнаењето или непознавањето на актуелните административни процедури. Ние сме компанија партнер, а не книговодствена компанија каде повторно ќе прашувате дали се што е направено е во ред.Нас не мора да не проверувате ние редовно ве проверуваме вас.
Во директен контакт сме со своите клиенти и можете секогаш да добиете корисен совет и било каква информација во облик и начин на кој сакате. Ние водиме грижа за деталите за кои вие немате време. Благодарејќи на темелното следење и познавање на прописите секогаш сме чекор напред. Знаењето и информациите кои ги поседуваме ни овозможува снаоѓање во шумата на законските регулативи кои може да ве збунат. На нас во потполност можете да се потпрете. За квалитетот на својата работа гарантираме со традицијата и долгата листа на референци. Нашата мисија е да ги задоволиме и надминеме очекувањата на нашите клиенти.
Ние живееме и работиме во вашата деловна иднина. Ве чекаме да ги подигнеме стандардите на вашето работење на повисоко ниво. Нашето знаење го надградуваме со редовно посетување на семинари и читање на стручна литература за промена на законите за трговски друштва. Поседуваме врвен хардвер и софтвер кој што редовно го надградуваме со чија што помош можете да добиете податоци во секое време.
konsaltingplus@konsaltingplus.com.mk
+38922402603 ( three lines )
Bul. Jane Sandanski Br.59/1-mezanin Skopje 1000
Скопје, Македонија