2010 Konsalting Plus By WebFactory
Vlada na RM
Narodna Banka na RM
Uprava za Javni Prihodi na RM
Stopanska Komora na RM
Korisni linkovi
Kursna lista
TUTUNSKA BANKA
ЗАКОН ЗА ВРШЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ 
Член 1
Со овој закон се уредуваат условите на вршење сметководствени работи, субјектите кои 
вршат сметководствени работи, условите за полагање на стручен испит за сметководител и 
овластен сметководител, надлежноста, организацијата и работењето на Институтот на 
сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, како и други прашања 
кои се однесуваат на вршењето сметководствени работи.
Дефиниции 
Член 2
Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:
1. „Сметководствени работи" се прибирање и обработка на податоци врз основа на 
сметководствени документи, подготовка и водење трговски/деловни книги и составување 
на годишна сметка и/или финансиски извештаи во согласност со закон;
2. „Обврзник за водење сметководство" е физичко или правно лице кое има обврска да води 
трговски/деловни книги и да составува и презентира годишна сметка и/или финансиски 
извештаи во согласност со закон;
3. „Сметководител" е физичко лице кое има уверение за сметководител од Институтот на 
сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и кое е 
регистрирано во Регистарот на сметководители;
4. „Овластен сметководител" е физичко лице кое има уверение за овлатен сметководител од 
Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и 
кое е регистрирано во Регистарот на овластени сметководители;
5. „Стручен испит" е испит кој се спроведува заради оценување на потребното стручно 
знаење за стекнување со уверение за сметководител односно овластен сметководител;
6. „Трговец поединец - сметководител" е физичко лице кое е регистрирано согласно Законот 
за трговските друштва за вршење сметководствени работи, има добиено уверение за 
сметководител и лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени 
сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на трговци 
поединци - сметководители;
7. „Трговец поединец  - овластен сметководител" е физичко лице кое е регистрирано 
согласно со Законот за трговските друштва за вршење сметководствени работи, има 
добиено уверение за овластен сметководител и лиценца за работа од Институтот на 
сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано 
во Регистарот на трговеци поединеци- овластени сметководители;
8. „Друштво за вршење сметководствени работи" е трговско друштво кое е регистрирано 
согласно Законот за трговските друштва за вршење сметководствени работи, има добиено 
лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на 
Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на друштва за вршење 
сметководствени работи;
9. „Вршител на сметководствени работи" е сметководител и/или овластен сметководител;
10. „Регистар на сметководители" е книга за евиденција во која се содржани податоците за 
сметководителите и се води во Институтот на сметководители и овластени 
сметководители на Република Македонија;11. „Регистар на овластени сметководители" е книга за евиденција во која се содржани 
податоците за овластените сметководители и се води во Институтот на сметководители и 
овластени сметководители на Република Македонија;
12. „Регистар на трговци поединци  - сметководители" е книга за евиденција во која се 
содржани податоците за трговците поединци - сметководители и се води во Институтот на 
сметководители и овластени сметководители на Република Македонија;
13. „Регистар на трговци поединци  - овластени сметководители" е книга за евиденција во 
која се содржани податоците за трговците поединци - овластени сметководители и се води 
во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија;
14. „Регистар на друштва за вршење сметководствени работи" е книга за евиденција во која се 
содржани податоците за друштва за вршење сметководствени работи и се води во 
Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија;
15. „Дисциплинска повреда" е непостапување или постапување стротивнона одредбите од 
овој закон, законите со кои се регулира водењето на сметководството, Кодексот на етика 
за професионални сметководители на  IFAC и актите на Институтот на сметководители и 
овластени сметководители на Република Македонија;
16. „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија" е 
професионално здружение на сметководители и овластени сметководители основано 
согласно овој закон;
17. „МСФИ" се Меѓународни стандарди за финансиско известување објавени во Службен 
весник на Република Македонија;
18. „МСФИ за МСС" се Меѓународни стандарди за финансиско известување за мали и средни 
субјекти објавени во Службен весник на Република Македонија;
19. „IFAC" е Меѓународна федерација на сметководители;
20. „Континуирано професионално усовршување" е постојано стручно усовршување со цел 
надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и 
ефикасно вршење на сметководствените работи.
Член 3
(1) Сметководствените работи се вршат во согласност со овој закон, Законот за трговските 
друштва, Законот за сметководството за непрофитните организации и други прописи со кои 
се регулира водењето на сметководството.
(2) Вршителот на сметководствени работи е должен да постапува согласно овој и други закони и 
да ги почитува Кодексот на етика за  професионални сметководители на IFAC и актите на 
Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
II. ИНСТИТУТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 4
(1) Сметководителите и овластените сметководители на територијата на Република Македонија 
се организираат во Институт на сметководители и овластени сметководители на Република 
Македонија (во понатамошниот текст: Институт).
(2) Институтот има својство на правно лице. Статусот на правно лице го стекнува со упис во 
Регистарот на други правни лица кој се води кај Централниот регистар на Република 
Македонија.
(3) Институтот формира подружници на територијален принцип за една или повеќе единици на 
локална самоуправа. Подружниците немаат својство на правно лице.(4) Административно-техничките работи поврзани со работењето на Институтот ги врши 
стручна служба на Институтот. Со стручната служба раководи секретар избран преку јавен 
оглас.
(5) Секретаротмора да има уверение за овластен сметководител и работно искуство од областа 
на сметководството од најмалку 3 години.
(6) Институтот има статут. Со статутот на Институтот особено се уредува: организацијата, 
управувањето, работењето, финансирањето и претставувањето на членовите во собранието.
Член 5
Институтот особено ги врши следниве работи:
1) води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители, Регистар на 
трговци поединци-сметководители, Регистар на трговци  - поединци овластени 
сметководители и Регистар на друштва за вршење сметководствени работи, врши надзор 
над работењето на вршителите на сметководствени работи, трговециге поединеци  -
сметководител и трговеците поединеци  - овластени сметководители и друштвата за 
вршење сметководствени работи,
2) врши надзор над работењето на вршителите на сметководствени работи, трговците 
поединци  - сметководители и трговците поединци  - овластени сметководители и 
друштвата за вршење сметководствени работи,
3) организира и спроведува испит за стекнување на уверение за сметководител и уверение 
за овластен сметководител,
4) издава уверение за сметководител и уверение за овластен сметководител,
5) издава и одзема лиценци за работа на трговците поединци  - сметководители, трговците -
поединци овластени сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи,
6) одлучува по барањата за одобрување на квалификација стегсната во странство,
7) организира проверка на знаењето од областа на законската регулатива на Република 
Македонија релевантна за вршење на сметководствените работи, при одобрување на 
квалификација стекната во странство,
8) организира и спроведува обука за континуирано професионално усовршување,
9) ја следи примената на Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC,
10) ги преведува МСФИ и МСФИ за МСС,
11) соработува со други професионални тела во Република Македонија и во странство и
12) врши други работи утврдени со овој закон.
Член 6
(1)Институтот средствата за финансирање на своето работење ги обезбедува од следните 
извори:
1) годишни членарини од вршители на сметководствени работи, трговеците поединеци  -
сметководители и трговеците поединеци  - овластени сметководители и друштвата за 
вршење сметководствени работи,
2) надомести за издавање на лиценци за работа,
3) надомести за полагање испит за стекнување уверение за сметководител и овластен 
сметководител,
4) надомести од спроведување на континуираното професионално усовршување,
5) приходи од продажба на стручни публикации,6) донации,
7) наплатени парични казни за изречени дисциплински мерки и
8) другиприходи утврдени со статутот.
(2)Институтот обезбедените средства ги користи за остварување на надлежностите на 
Институтот утврдени со овој закон, статутот и годишниот финансиски план.
(3)Нереализираните средства од годишниот финансиски план од тековната години се 
пренесуваат во годишниот финансиски план за наредната година.
Член 7
(1) Органи на Институтот се собрание, надзорен одбор, управен одбор и претседател.
(2) Ако со овој закон поинаку не е уредено, организацијата, надлежноста, составот, начинот на 
избор и отповикување, правата и должностите на органите на Институтот се уредуваат со 
статутот и другите акти на Институтот.
(3) Заради остварување на надлежностите Институтот формира дисциплинска комисија, а може 
да формира и други постојани и повремени комисии утврдени со статутот на Институтот.
(4) Членовите на комисиите се избираат од редот на членовите на Институтот.
Член 8
(1) Собранието на Институтот го сочинуваат сите сметководители и овластените 
сметководители. На собранието членовите ги претставуваат избрани претставници од 
подружниците на Институтот.
(2) Собранието ги има следните надлежности:
1) го донесува статутот и другите акти на Институтот и измените на истите,
2) ја утврдува висината на членарините,
3) ја утврдува висината на надоместците за издавање на лиценци за работа,
4) ја  донесува програмата за полагање на испит за добивање уверение за сметководител 
односно овластен сметководител,
5) ја утврдува висината на надоместокот за полагање на испит за сметководител и овластен 
сметководител,
6) ги избира претседателот на Институтот и претседателот и членовите на надзорниот одбор 
и на комисиите,
7) ја донесува годишната програма за континуирано професионално усовршување,
8) го утврдува надоместокот за континуирано професионално усовршување,
9) ја донесува годишната програма за надзор  над работењето на вршителот на 
сметководствени работи, трговецот поединец - сметководител, трговецот поединец -
овластен сметководител и друиггвото за вршење сметководствени работи,
10) ја донесува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на 
Институтот заедно со писменото мислење по истите изготвено од надзорниот одбор,
11) ги усвојува годишната сметка и годишниот извештајот за работа на Институтот заедно со 
писменото мислење по истите изготвено од надзорниот одбор,
12) одлучува за формирање и престанок на гтодружници на Институтот,
13) го одобрува системот на плати за вработените и надоместоци за членовите на органите и 
комисиите на Институтот и
14) одлучува за други прашања во согласност со Статутот.(3) Министерството за финансии дава согласност на актите од став 2 точки 1, 2,3,4,5,7,8,9,10 и 11 
пред истите да бидат усвоени, утврдени или донесени од собранието на Институтот.
(4) Собранието ги избера претседателот на Институтот и претседателот и членовите на 
надзорниот одбор и членовите на дисциплинската комисиите по претходно добиена 
согласност на министерот за финансии.
(5) Актите на Собранието се објавуваат на интернет страницата на Институтот наредниот ден од 
денот на усвојување односно донесување.
(6) Работата на собранието се уредува со деловник за работа.
Член 9
(1) Собранието на Институтот редовно се состанува еднаш годишно, и тоа најдоцна до 31 март. 
Седниците на собранието се одржуваат доколку присуствуваат најмалку половина од 
вкупниот број на избрани претставници од подружниците на Институтот. Одлуките 
собранието ги носи со просто мнозинство од присутниот број на членови.
(2) Седниците на собранието ги свикува претседателот на Институтот врз основа на одлука на 
управниот одбор или на писмено барање на најмалку 1/3 од избраните претставници од 
подрулсниците на Институтот.
(3) Доколку претседателот на Институтот не свика седница во рок од 30 дена од поднесеното 
писмено барање или од одлуката на управниот одбор седница ќе свика надзорниот одбор.
(4) Ако седница не свика надзорниот одбор седница на собранието свикува министерот за 
финансии. Седницата ја води министерот за финанси или лице овластено од него.
Член 10
(1) Надзорниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од три години, без 
право на повторен избор.
(2) Членовите на надзорниот одбор ги избира собранието на Институтот од редот на членовите 
на Институтот. Членовите на надзорниот одбор не молсат да бидат членови на други органи и 
комисии на Институтот.
(3) Седниците на надзорниот одбор ги свикува и со нив претседава претседателот на надзорниот 
одбор.
(4) Доколку претседателот на надзорниот одбор од кои било причини не е во можност да ја 
врши функцијата или е отсутен, со состаноците на надзорниот одбор претседава член на 
надзорниот одбор избран со мнозинство гласови на присутните членови на надзорниот 
одбор.
(5) Надзорниот одбор одлуките ги донесува со јавно гласање и со мнозинство гласови од 
присутните членови.
(6) Надзорниот одбор ги има следните надлежности:
1) врши периодични контроли на материјалното и финансиското работење на Институтот,
2) ги избира и отповикува претседателот и членовите на управниот одбор по претходна 
согласност од министерот за финансии,
3) ја разгледува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план и дава 
мислење по истата до собранието,
4) ја разгледува годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот и дава 
мислење по истата до собранието.
5) го одобрува етичкиот кодекс на Институтот,
6) го одобрува деловникот за работа на управниот одбор,7) ги разгледува извештаите за работењето на управниот одбор,
8) врши надзор и контрола над почитувањето и применувањето на законите, статутот и 
другите акти на Институтот,
9) предлага мерки кои треба да бидат превземени за спроведување и отстранување на 
неправилностите и незаконитостите во работата на Институтот и
10) врши други работи во согласност со Статутот.
(7) Сите органи и комисии на Институтот се должни да му обезбедат услови за работа на 
надзорниот одбор и да му ги стават на располагање сите потребни документи заради вршење 
на надзорот.
(8) Надзорниот одбор секоја година поднесува извештај за своето работење до собранието на 
Институтот и до министерот за финансии.
Член 11
(1) Со Институтот управува управен одбор.
(2) Управниот одбот го сочинуваат претседател и најмалку два члена со .мандат од пет години 
со право на повторен избор.
(3) Управниот одбор ги има следните надлежности:
1) ги подготвува и предлага организациските и оперативните акти на Институтот и нивните 
измени,
2) ја подготвува и предлага годишната програма за работа и развој на Институтот,
3) ја составува годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот,
4) ја предлага висината на членарините,
5) ја предлага висината на надоместокот за издавање на лиценци за работа,
6) ја предлага висината на надоместокот за полагање на испит за сметководител и овластен 
сметководител,
7) одлучува за упис и бришење на членовите во регистрите на Институтот,
8) ја предлага годишната програма за континуирано професионално усовршување,
9) ја предлага годишната програма за надзор над работењето на вршителот на 
сметководствени работи, трговецот поединец - сметководител, трговецот поединец -
овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи,
10) ја предлага програмата за полагање на испитот  за добивање уверение за сметководител 
односно овластен сметководител,
11) ги разгледува извештаите од извршениот надзор над работењето и издава налог за 
отстранување на утврдените неправилности и незаконитости, покренува дисциплинска 
постапка или поднесува барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд,
12) издава и одзема лиценци за работа,
13) ги предлага членовите на комисиите,
14) го предлага системот на плати за вработените и надоместоците за членовите на органите 
и комисиите на Институтот,
15) одлучува за прием на донации,
16) се грижи за наплата на членарината,
17) ги извршува одлуките на собранието на Институтот,18) дава предлози и соработува со надлежните институции во врска со прописите од областа 
на сметководството и
19) врши други задачи во согласност со статутот на Институтот.
(4) Седница на управниот одбор свикува и со неа раководи претседателот на управниот одбор. 
Седница на управниот одбор може да се свика и на барање на дветретини од вкупниот број 
членови на управниот одбор.
(5) 3а полноважност на одлуките на управниот одбор потребно е на седницата да присуствуваат 
најмалку две третини од вкупниот број членови на .управниот одбор. Одлуките се донесуваат 
со мнозинство гласови од присутните членови на управниот одбор. Со статутот на Институтот 
може да се утврди за кои случаи за полноважност на одлуката е потребно мнозинство на сите 
членови на управниот одбор.
(6) Во случај на спреченост на претседателот, неговите должности ги врши најстариот член на 
Управниот одбор.
(7) Одлуките на управниот одбор се објавуваат на интернет страницата на Институтот.
(8) Управниот одбор на секои три месеци до надзорниот одбор поднесува извештај за своето 
работење.
Член 12
(1) Претседателот на Институтот го претставува и застапува Институтот.
(2) Претседателот на Институтот ги има следните надлежности:
1) се грижи Институтот да работи согласно со закон,
2) ги извршува одлуките на собранието и управниот одбор на Институтот;
3) потпишува налози за исплата од сметката на Институтот и
4) врши други работи предвидени со статутот на Институтот.
(3) Претседателот на Институтот раководи со седниците на собранието на Институтот.
(4) За претседател на Институтот може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови:
1) има звање овластен сметководител;
2) има најмалку пет години работно искуство во вршење на сметководствени работи и
3) е државјанин на Република Македонија.
(5) Мандатот на претседателот е пет години со можност за повторен избор за уште еден мандат.
(6) Претседателот за својата работа му одговара на собранието.
(7) Претседателот на Институтот на секоја редовна седница на управниот одбор известува за 
своето работење за периодот од одржувањето на претходната седница.
(8) Предлог за отповикување на претседателот на Институтот до собранието поднесува најмалку 
половина од членовите на управниот одбор или 1/5 од избраните претставници во 
собранието.
Член 13
Претседателот на Институтот и членовите на управниот одбор и на  -надзорниот одбор ја 
вршат функцијата бесплатно, освен ако со статутот поинаку не е определено.
Член14
Регистрите и досиејата кои се однесуваат на членовите на Институтот се чуваат трајно, 
додека останатите документи во врска со работењето на Институтот се чуваат десет години.Член 15
Против сите одлуки на органите на Институтот со кои се одлучува за правата и 
должностите на сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец -
сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење 
сметководствени работи може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од  приемот на 
одлуката.
Член16
(1) Надзор над работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на 
Република Македонија врши Министерството за финансии.
(2) Надзорот од став (1) на овој член опфаќа надзор над законитоста и ефикасноста во 
работењето.
(3) За вршење на надзорот министерот за финансии може да формира комисија.
(4) За спроведениот надзор се составува записник во кој се наведуваат констатираните 
неправилности и незаконитости и се даваат препораки за нивно отстранување.
(5) Министерот може со решение да го распушти управниот одбор и надзорниот одбор и да го 
разреши претседателот на Институтот ако при надзорот утврди повреда на закон или утврди 
неефикасност во работењето. Во решението министерот ќе определи рок за избор на нови 
органи на Институтот и ќе именува еден или повеќе овластени сметководители кои ќе ги 
вршат работите на управен одбор и претседател до изборот на новите органи.
III. УВЕРЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
И КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ
Член 17
Уверение за сметководител или овластен сметководител стекнува лице кое положило испит 
за сметководител или овластен сметководител.
Член 18
(1) Лицето кое сака да стекне уверение за сметководител или овластен сметководител до 
Институтот поднесува писмено барање за полагање на испит. Барањето се поднесува на 
образец пропишан од Институтот.
(2) Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за сметководител задоллсително 
се доставува:
1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование и
2) доказ за уплата на надоместокот за полагање на испитот.
(3) Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за овластен сметководител 
задолжително се доставува:
1) уверение за завршено високо образование од областа на економијата или бизнисот,
2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж,
3) потврда од работодавач за најмалку три години работно искуство во вршење на 
сметководствени работи и
4) доказ за уплата на надоместокот за полагање на испитот.
(4) Документите од ставовите (2) и (3) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија 
заверена на нотар.
(5) На лицата кои го пололсиле испитот за стекнување уверение за сметководител односно 
овластен сметководител Институтот им издава уверение за сметководител односно овластен 
сметководител во рок од петнаесет дена од денот кога го положиле испитот.(6) Образецот за формата и содржината на уверението за сметководител односно овластен 
сметководител го пропишува Институтот.
Член 19
(1)Сметководствени работи во Република Македонија може да врши и лице кое има стекнато 
квалификација за сметководител односно овластен сметководител во странство доколку:
1) квалификацијата стекната во странство е со стандарди не пониски од стандардите 
утврдени со актите на Институтот и
2) успешно ги положи испитите спроведени од Институтот со кои се обезбедува дека има 
адекватно знаење од областа на законската регулатива во Република Македонија 
релевантна за вршење на сметководствени работи.
(2) Барањата за одобрување на квалификација за сметководител односно овластен 
сметководител стекната во странство и потребната документација се доставуваат до 
Институтот а се одобруваат од Управниот одбор на Институтот.
(3) Поисполнување на условите од став (1) на овој член Институтот го запишува лицето во 
соодветниот регистар.
(4) Постапката и потребната документација за одобрување на квалификација за сметководител 
односно овластен сметководител од странство ги утврдува управниот одбор на Институтот.
Член 20
(1) Лицето кое стекнало уверение за сметководител односно овластен сметководител стекнува 
право на вршење на дејност со уписот во Регистарот на сметководители односно Регистарот 
на овластени сметководители.
(2) Упис во регистрите од став (1) на овој член врши Институтот врз основа на писмено барање 
поднесено на пропишан образец кон кое задолжително се приложуваат следните документи:
1) Уверение за сметководител односно овластен сметководител во копија и
2) потврда од Централен Регистар на Република Македонија дека не му е изречена мерка 
забрана за вршење на професија, дејност или должност, во оригинал или копија заверена 
на нотар и
3) доказ за уплата на членарина.
(3) Институтот е должен да го изврши уписот во регистарот од став (1) на овој член во рок од два 
дена од денот на поднесување на комплетното барање.
(4) Формата и содржината на образецот од став (2) на овој член ја пропишува Институтот.
(5) Лицето од став (1) на овој член барањето за упис во регистарот го поднеува во рок од шест (6) 
месеци од денот на стекнување на уверението за сметководител односно овластен 
сметководител, во спротивност истото го губи правото на упис во регистарот.
(6) Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на 
Република Македонија го уредува начинот и постапката за повторно стекнување право на 
упис во регистарот.
Член 21
(1) Заради надградување на знаењето во областа на сметководството сметководителите се 
должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа 
за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.
(2) Заради надградување на знаењето во областа на сметководството .овластените 
сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување 
од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една 
година.(3) Обуката од ставовите (1) и (2) на овој член ја организира и спроведува Институтот самостојно 
или во соработка со други правни лица кои најмалку 3 години вршат услуги на 
сметководствено, економско, финансиско или даночно советување.
(4) Институтот признава обука спроведена од правни лица кои најмалку 3 години вршат услуги 
на сметководствено, економско, финансиско или даночно советување доколу истата е во 
согласност со Програмата за континуирано професионално усовршување и доколку Институот 
дал претходна согласност на содржината на обуката.
IV.ВРШЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
Член 22
(1) Сметководствени работи може да врши сметководител и/или овластен сметководител кој 
добил соодветно уверение од Институтот и е регистриран во соодветниот регистар на 
Институтот.
(2) Сметководителот води трговски/деловни книги за сите обврзници за водење на 
сметководство и составува и потпишува годишна сметка за трговци поединци и здруженија и 
фондации.
(3) Овластениот сметководител води трговски/деловни книги и/или составува и потпишува 
годишна сметка и/или финансиски извештаи за сите обврзници за водење на сметководство.
(4) За вршење на сметководствени работи обврзникот за водење сметководство може да 
вработи сметководител и/или овластен сметководител или со договор за вршење на 
сметководствени работи да ангалшра трговец
поединец  - сметководител, трговец-поединец овластен сметководител или друштво за 
вршење на сметководствени работи.
(5) Трговец поединец  - сметководител може да врши сметководствени работи за трговци 
поединци и здруженија и фондации.
(6) Трговец поединец  - овластен сметководител може да врши сметководствени работи за 
трговци поединци, здруженија на граѓани и фондации ,и други непрофитни организации и 
друштва со ограничена одговорност.
(7) Друштво за вршење на сметководствени работи може да врши сметководствени работи за 
сите обврзници за водење на сметководство.
(8) Друштвото за вршење сметководствени работи мора да има вработено најмалку два 
сметководители и еден овластен сметководител.
Член 23
(1) Трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и 
друштвото можат да вршат сметководствени работи по добивање на лиценца за работа од 
Институтот и запишување во соодветниот регистар.
(2) За добивање лиценца за работа до Институтот се поднесува писмено барање на пропишан 
образец. Кон барањето задолжително се прилолсува:
1) решение за упис на трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен 
сметководител, односно друштвото за вршење сметководствени работи  во Трговскиот 
регистар кај Централниот регистар на Република Македонија,
2) список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со 
регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот,
3) потврда од Централен регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во 
Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење на 
професија, дејност или доллсност и привремена забрана за вршење на одделна дејност,4) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во 
Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица кај Централниот 
регистар на Република Македонија,
5) доказ за осигурување од штета при вршење на професионална дејност (сметководствени 
работи) и тоа за трговец поединец-сметководител на износ од најмалку 2.000 евра, за 
трговец поединец-овластен сметководител на износ од најмалку 5.000 евра и за друштво за 
вршење сметководствени работи на износ од најмалку 20.000 евра и
6) доказ за уплатен надомест за издавање лиценца за работа.
(3) Документите од став (2) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на 
нотар.
(4) Институтот е должен да издаде лиценца во рок од 15 дена од денот на поднесување на 
комплетното барање Институтот со решение го одбива барањето за издавање лиценца 
доколку барањето е некомплетно или не се исполнети условите од став 2 на овој член и член 
22 став (8) од овој закон. Решението со кое се одбива барањето мора да биде образложено.
(5) Формата и содрлшната на образецот од став (2) на овој член ја пропишува Институтот.
Член 24
Сметководствени работи може да врши и странско физичко или правно лице од 
дрлсавите членки на Европската унија кое ги исполнува условите за вршење сметководствени 
работи во земјата во која се регистрирани.
Член 25
Трговецот поединец  - сметководител, трговецот поединец  - овластен сметководител и 
друштвото за вршење сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари во тековната 
година да му достават на Институтот список на лица вработени како сметководители и 
овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај 
Институтот и доказ за осигурување од штета при вршење на професионална дејност во износ 
утврден во член 23 став (2) точка 5) од овој закон.
Член 26
(1)Институтот во секое време со решение ја одзема лиценцата на трговецот 
поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за 
вршење сметководствени работи ако:
1) лиценцата е издадена врз основа на неточни податоци,
2) повеќе не се исполнети условите врз основа на кои е издадена лиценцата,
3) ако е покрената стечајна постапка или се спроведува ликвидација на друштвото
4) трајно се избрише од соодветниот регистар и
5) во други случаи определени со закон.
(2) Примерок од решението од став (1) на овој член се доставува до Централниот регистар на 
Република Македонија.
Член 27
(1) Институтот по издавањето на лиценцата за работа го впишува трговецот 
поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за 
вршење сметководствени работи во соодветниот регистар кој се води кај Институтот.(2) За упис во соодветниот регистар трговецот поединец-сметководител, трговецот 
поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење 
;сметководствени работи до 
Институтот поднесува писмено барање за упис во регистарот на образец пропишан од 
Институтот. Кон барањето задолжително се приложува копија од лиценцата за работа.
(3) Институтот е должен да го изврши уписот во соодветниот регистар во рок од два дена од 
денот на поднесување на барањето.
Член 28
(1) За вршење на сметководствени работи се склучува договор во писмена форма со кој се 
уредуваат меѓусебните права и обврски меѓу обврзникот за водење сметководство и 
трговецот поединец односно друштвото за вршење сметководствени работи.
(2) Трговецот поединец односно друштвото за вршење сметководствени работи не смее 
договорените работи да ги отстапи на друг трговец поединец односно друштво за вршење 
сметководствени работи, освен во случаите од член 33 став (1).
Член 29
Доверливите податоци до кои вршителот на сметководствени работи има пристап при 
вршење на сметководствените работи не смее да ги користи, да ги пренесува на трети лица или 
да овозмолси нивно користење од страна на трети лица без претходно одобрение од имателот 
на податоците, освен во случаи утврдени со закон.
Член 30
(1) Сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец- сметководител, 
трговецот поединец-овластен сметководител односно друштвото за вршење 
сметководствени работи се независни и самостојни во вршењето на сметководствените 
работи.
(2) Сметководствени работи не молсе да врши:
1) сметководител односно овластен сметководител кој е член на орган на управување или 
акционер односно вложувач кај обврзникот за водење сметководство,
2) трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител односно 
друштво за вршење сметководствени работи кој е акционер или влолсувач кај обврзникот 
за водење сметководство,
3) трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител односно 
друштво за вршење сметководствени работи во кој обврзникот за водење сметководство е 
акционер, влолсувач или основач.
V. РЕГИСТРИ
Член 31
(1) Институтот води Регистар на сметководители, Регистар  на овластени сметководители и 
Регистар на трговци поединци  - сметководители, трговци  - поединци овластени 
сметководители и друштва за вршење сметководствени работи.
(2) Регистарот на сметководители и Регистарот на овластени сметководители особено ги содржи
следниве податоци:
1) име и презиме и регистарски број на сметководителот односно овластениот 
сметководител,
2) датум на упис во регистарот,
3) назив, седиштето и контакт податоци на правниот субјект каде е вработен 
сметководителот односно овластениот сметководител и4) изречени дисциплински мерки.
(3) Регистарот на трговци поединци  - сметководители, трговци  - поединци овластени 
сметководители и друштва за вршење сметководствени работи особено ги содрлси следниве 
податоци:
1) назив, седиште, контакт податоци и регистарски број на трговецот поединец  -
сметководител, трговецот поединец овластен сметководител и друштвото за вршење 
сметководствени работи,
2) датум на упис во регистарот и
3) изречени дисциплински мерки.
(4) Сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец  - сметководител, 
трговецот поединец овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени 
работи се доллсни да го известат Институтот за сите промени во врска со податоците 
содрлсани во регистарот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.
(5) Институтот податоците од регистрите од став (1) на овој член ги објавува на својата веб 
страница, и истите континуирано ги ажурира.
Член 32
(1) Сметководителот односно овластениот сметководител се брише од соодветниот регистар:
1) на сопствено барање,
2) доколку при уписот во регистарот дал невистините податоци,
3) доколку професионално не се усовршува,
4) е изречена дисциплинска мерка привремено бришење (доколку не ја плати годишната 
членарина),
5) е изречена дисциплинска мерка трајно бришење (доколку не ја плати годишната 
членарина),
6) доколку е осуден со правосилна судска пресуда во врска со работењето,
7) доколку му се изрече мерка забрана за вршење на професија, дејност или доллсност,
8) ако му е одземена деловната способност и
9) во случај на смрт на сметководителот односно овластениот сметководител.
(2) Со бришење од регистарот сметководителот односно овластениот сметководител го губи 
правото за вршење на сметководствени работи, и тоа:
1) трајно во случаите од став (1) точки 1), 2) ,5) и 8) на овој член,
2) за период од три години во случаите од став (1) точки 3) и 4) на овој член и
3) за периодот додека траат правните последици на судската пресуда односно додека трае 
забраната во случајот од став (1) точки 6) и 7).
(3) 3а бришење од соодветниот регистар управниот одбор на Институтот донесува решение. 
Решението мора да биде образложено.
Член 33
Трговецот поединец  - сметководител, трговецот поединец  - овластен сметководител и 
друштвото за вршење сметководствени работи се брише од соодветниот регистар:
1) на сопствено барање,
2) со одземање на лиценца,
3) не плати годишна членарина и4) доколку е изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност
(2) Со бришење од регистарот трговецот поединец - сметководител, трговецот поединец  -
овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи го губи правото за 
вршење на сметководствени работи, и тоа:
1) трајно во случаите од став (1) точки 1), и 2) на овој член,
2) во случајот од став (1) точка 3) на овој член до повторно исполнување на условите доколку 
истите ги исполни во рок од три месеци и трајно доколку не ги исполни во тој рок и
3) во случајот од став (1) точка 4) на овој член додека трае забраната.
(3) 3а бришење од соодветниот регистар Управниот одбор донесува решение. Решението мора 
да биде образложено.
VI. НАДЗОР
Член 34
(1) Надзор над вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец  - сметководител, 
трговецот поединец  - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени 
работи (во натамошниот текст: субјекти на надзор) врши Институтот.
(2) Надзорот од став (1) на овој член опфаќа контрола на:
1) усогласеноста на работењето со одредбите на овој закон и законите и подзаконските 
прописи со кои се регулира водењето на сметководството сметководството и
2) усогласеноста на нивното работење со актите на Институтот за исполнување на барањата 
на Кодексот на етика за професионалните сметководители на IFAC.
(3) Надзорот се врши согласно годишната програма на Институтот за надзор над работењето на 
вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец  - сметководител, трговецот 
поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи или на 
барање на заинтересирани страни.
(4) Надзорот од став (1) на овој член се спроведува на објективен и независен начин и со 
постапка која исклучува било каков судир на интереси меѓу лицето кое го спроведува 
надзорот и субјектот на надзорот.
(5) Надзорот од став (1) на овој член го вршат овластени сметководители вработени  во 
Институтот со најмалку пет години работно искуство во вршењето на сметководствени 
работи.
(6) Лицето одговорно за надзор составува извештај за извршениот надзор во кој ги наведува 
своето мислење, утврдените неправилности и незаконитости и препораките за корективни 
дејства со рок за нивно отстранување.
(7) Извештајот од став (6) на овој член се доставува до субјектот на надзор, кој има право на 
приговор во рок од 5 дена од денот на приемот. Управниот одбор одлучува по приговорот во 
рок од пет дена од денот на приемот.
(8) Субјектот на надзор е должен во рокот одреден во налогот да ги отстрани утврдените 
неправилности и незаконитостите и до Институтот да поднесе извештај во кој ќе ги опише 
преземените мерки и ќе приложи документи и докази за отстранување на неправилностите и 
незаконитостите.
(9) Поистекот на роковите од став (7) на овој член, Извештајот за извршениот надзор се објавува 
на веб страницата на Институтот.
(10) Институтот поблиску го уредува начинот и постапката на вршењето на надзорот.Член 35
Врз основа на извештајот од спроведениот надзор од член 34, Управниот .одбор на 
Институтот ги презема следните мерки:
1) покренување дисциплинска постапка против сметководителите и/или овластените 
сметководители и
2) поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.
Член 36
Надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон врши Министерството за финансии.
VII.ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
Член 37
(1) Дисциплинскапостапка води Дисциплинска комисија.
(2) Дисциплински постапка се поведува на барање на Управниот одбор или по пријава од 
членовите на Институтот освен од членовите на Дисциплинската комисија.
(3) За сторена дисциплинска повреда на вршител на сметководствени работи Дисциплинска 
комисијат може да му ги изрече следниве дисциплински мерки:
а) јавна опомена,
б) парична казна,
в) времено бришење од соодветниот регистар на Институтот и
г) трајно бришење од соодветниот регистар на Институтот.
Член 38
Дисциплинската мерка јавна опомена ќе му се изрече на сметководител односно овластен 
сметководител, ако:
1) не ги чува на соодветен и правилен начин трговските/деловните книги и останатата 
сметководствена документација утврдена со закон,
2) не присуствува на седниците на органите на подрулшицата на Институтот и/или на 
седниците на органите на Институтот, без писмено оправдание или претходна најава,
3) со своето однесување го нарушува угледот на сметководствената професија и
4) одбива или несовесно ги исполнува обврските определени со статутот и актите на 
Институтот.
Член 39
Дициплннска мерка парчна казна во висина на една просечни месечни нето плати исплатени 
по вработен во Република Македонија ќе му се изрече на сметководителот односно овластениот 
сметководител кој ќе ја повтори повредата за која претходно му била изречена дисциплинска
мерка јавна опомена.
Член 40
Дисциплинската мерка времено бришење од соодветниот регистар во траење од три години 
ќе му се изрече на сметководител и овластен сметководител, ако:
1) не ја почитува обврската за континуирано професионално усовршување  во согласност со 
овој закон,
2) не ја плати годишната членарина,
3) не го извести Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во 
соодветниот регистарот во согласност со овој закон и4) предизвикува материјална штета на субјектот каде е вработен при вршењето на 
сметководствените работи.
Член 41
Дисциплинската мерка трајно бришење од соодветниот регистар ќе му се изрече на 
сметководител и овластен сметководител за:
1) повреда на пропис за водење сметководство со што сериозно се загрозува објективноста 
на трговските/деловните книги кои ги води односно на годишната сметка и/или 
финансиските извештаи,
2) вршење сметководствени работи за времетраењето на временото исклучување од 
членство или на друг начин избегнување на мерката времено одземање на правото за 
вршење сметководствени работи,
3) непреземање на мерки за спречување на перење пари и други приноси од казниви дела,
4) примање на подароци или друг вид корист или поставување на личниот финансиски 
интерес во судир со положбата и статусот на вршителот на сМетководствеНи работи,
5) оддавање класифицирана информација со степен на тајност определена согласно со закон 
и
6) одбивање да се даде или давање на неточни податоци на државните органи, правните 
лица и на граѓаните, доколку давањето на податоци е пропишано со закон.
Член 42
(1) Доколку во водење на дисциплинската постапка, дисциплинската комисија стекне сознанија 
дека е извршено кривично дело за дејствијата за кои се води постапката, ќе ја прекине 
постапката и ќе поднесе пријава до надлелшиот орган за постапување.
(2) На ист начин дисцишшнската комисија ќе постапи и ако има сознанија .за корупција на 
вршител на сметководствени работи.
Член 43
(1) Поведувањето на дисциплинска постапка застарува во рок од две години од денот на 
сторување, или во рок од една година од дознавање за повредата при вршење на надзор.
(2) Ако дисциплинската повреда повлекува и кривична одговорност, дисциплинската постапка за 
утврдување на одговорноста на вршителот на сметководствени работи застарува во рок од 
две години од денот на дознавањето за повредата.
Член 44
(1) Дисциплинската комисија донесува:
- одлука со која вршителот на сметководствени работи се ослободува од одговорност дека 
сторил дисциплинска повреда и
- одлука со која вршителот на сметководствени работи се огласува за виновен за сторена 
дисциплинска повреда и му се изрекува дисциплинска мерка.
(2) Против одлуката на дисциплинската комисија со која се изрекува дисциплинска мерка, 
вршителот на сметководствени работи има право на поведување на управен спор.
Член 45
(1) 0длуката донесена во дисциплинска постапка ја извршува претседателот на Институтот и 
истата се објавуват на веб страната и се запишува во соодветниот регистар.
(2) Дисциплинската мерка јавна опомена се брише од соодветниот регистар на Институтот и  од 
веб странатана Институтот по истекот на една година од нејзиниот упис.(3) Дисциплинската мерка парична казна ќе се избрише од соодветниот регистар на Институтот 
и од веб страната на Институтот по истекот на две години од нејзиниот упис.
(4) Дисциплинската мерка времено исклучување од членство во Институтот ќе се избрише од 
соодветниот регистар на Институтот од веб страната на Институтот по истекот на три години 
од нејзиниот упис.
VIII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 46
Глоба во нзнос од 1.000 до 2.000 евра во  денарска противвредност ќе му се изрече на 
сметководителот односно, овластениот сметководител, ако:
1) ја прекрши обврската за заштита на тајноста на податоците (член 29),
2) врши сметководствени работи спротивно на член 30 став (2) точка 1),
3) не го извести Институтот во согласност со одредбата од член 31 став (4) и
4) не постапи во согласност со член 34 став (8).
Член 47
(1) Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец 
поединец сметководител, трговецот поединец овластен сметководител и друштвото за 
вршење сметководствени работи, ако:
1) не го исполнува условот од член 22 став (8) односно доколку сметководствените работи ги 
вршат лица кои не се сметководители и/или овластени сметководители,
2) врши сметководствените работи во спротивност со член 22 ставови (6) и (7),
3) вршењето на сметководствени работи го отстапи на друг трговец поединец односно 
друштво за вршење сметководствени работи (член 28 став 2),
4) ја прекрши обврската за заштита на тајноста на податоците (член 29),
5) врши сметководствени работи кај обврзник за водење сметководство во спротивност на 
член 30 став (2) точки 2) и 3),
6) не го извести Институтот во согласност со одредбата од член 31 став (4) и
7) не постапи во согласност со член 34 став (8).
(2) За прекршокот од став (1) на овој член со глоба во износ од 1.000 до 2.000 денарска 
противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во друштвото за вршење 
сметководствени услуги.
Член 48
(1) Глоба во износ од 5.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на 
Институтот, ако:
1) не ги извршува работите од член 5 став (1) од овој закон,
2) не побара согласност од Министерството за финансии во согласност со член 8 став (4) од 
овој закон,
3) не ги објавува актите на собранието на начин пропишан со член 8 став (5) од овој закон и
4) не преземе мерки по основ на утврдените недостатоци по извршената проверка на 
работењето (член 34 став 1) од овој закон.
(2) За прекршоците од став (1) на овој член глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра ќе му се 
изрече и на претседателот на Институтот,Член 49
(1) За прекршоцнте утврдени во членовите 48, 49 и 50 од овој закон прекршочна постапка води 
надлежен суд.
(2) Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците 
предвидени со овој закон, ќе се поведе постапка за порамнување согласно Законот за 
прекршоците.
IХ.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 
Член 50
(1) Министерот за финансии врз основа на писмено барање го признава звањето 
сметководител на лицето кое ги исполнува следниве услови:
1) има средно образование и најмалку три години работно искуство во вршење на 
сметководствени работи или
2) има вишо образование (прв степен) и најмалку две години работно искуство во вршење 
на сметководствени работи или
3) има високо образование и најмалку една година работно искуство во вршење на 
сметководствени работи.
(2) Барањето мора да содржи докази дека лицето ги исполнува условите од став(1) наовојчлен.
(3) На лицето кое ги исполнува условите од став (1) на овој член, министерот за финансии му 
издава уверение за сметководител.
Член 51
(1) Министерот за финансии врз основа на писмено барање го признава звањето овластен 
сметководител на лицето кое ги исполнува следниве услови:
1) има средно образование и најмалку десет години работно искуство во вршење на 
сметководствени работи или
2) има вишо образование (прв степен) и најмалку осум години работно искуство во вршење 
на сметководствени работи или
3) има високо образование и најмалку три години работно искуство во вршење на 
сметководствени работи или
4) да има уверение за овластен ревизор и најмалку три години искуство во работа на вршење 
на работи на ревизија.
(2) Барањето од став (1) на овој член мора да содрлш докази дека лицето ги исполнува 
условите од став (1) на овој член.
(3) На лицето кое ги исполнува условите од став (1) на овој член, министерот за финансии му 
издава уверение за овластен сметководител.
(4) Лицата од став (1) на овој член на кои им е признаено звањето овластен сметководител, 
стекнуваат право да полагаат испит за овластен сметководител.
Член 52
(1) Писмените барања од член 51 став (1) и член 52 став (1) се поднесуваат во период од шест 
месеци од денот на влегување во сила на овој закон.
(2) Министерот за финансии уверенијата од член 51 став (3) и член 52 став (3) на овој закон ги 
издава во рок од триесет (30) дена од поднесувањето на барањето од став (1) на овој член.
(3) Уверенијата од член 51 став (3) и член 52 став (3) се со важност од 12 месеци од денот на 
издавањето.
Член 53
(1) Доосновање на Институтот подготвителните работи во врска со отпочнување на неговата 
работа ќе ги врши комисија формирана од министерот за финансии.
(2) Комисијата од став (1) на овој член е составена од претседател и десет члена. Претседателот 
и пет члена се од Министерството за финансии, и пет члена се од лицата на кои министерот 
за финансии им издал уверение за овластен сметководител.
(3) Комисијатаод став (1) на овој член ги врши следните работи:
1) ги подготвува актите за основачкото собрание на Институтот и
2) го свикува основачкото собрание
(4) Основачкото собрание на Институтот на кое ќе се изберат органите и ќе се одобрат сите акти 
на Институтот ќе се одржи во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон.
(5)Основачкото собрание на Институтот го свикува и со него раководи претседателот на 
комисијата од став (1) на овој член,
Член 54
Управниот одбор на Институтот ќе се избире во рок од 15 дена од денот на одрлсување на 
основачкото собрание.
Член 55
(1) Регистарот на сметководители, Региетарот на овластени сметководители, Регистарот на 
трговци поединци  - сметководители, Регистарот на трговци  - поединци овластени 
сметководители и Регистарот на друштва за вршење сметководствени работи ќе се 
воспостават во рок од 4 месеци од основањето на Институтот.
(2) Вршителите на сметководствени работи кои добиле уверение од министерот за финансии 
се должни да поднесат барање за запишување во соодветниот регистар во рок 15 дена од 
денот на воспоставување на регистрите.
(3) Постојните правни лица кои се регистрирани за вршење сметководствени работи.се должни 
да се усогласат со одредбите на овој закон и да поднесат барање за запишување во 
соодветниот регистар во рок од шест месеци од денот на основање на Институтот.
Член 56
Првиот испит за стекнување на уверение за сметководител односно овластен сметководител 
ќе се спроведе во рок три месеци од денот на основање на Институтот.
Член 57
Одредбата од членот 24 од овој закон ќе започне да се применува со влезот на Република 
Македонија во Европската Унија.
Член 58
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на 
Република Македонија".
NOVOSTI
Prva Faktura