За нас

Консалтинг Плус е компанија за книговодствени и интелектуални услуги основана на 18.03.1993 како семејна компанија. Од мала книговодствена компанија прераснавме во компанија која дава книговодствени услуги на повеќе десетици фирми со најразлична дејност. Нашите клиенти го препознаа квалитетот и вниманието кое Консалтинг Плус го посветува на секој клиент на патот за остварување подобри резултати. Ние го растеретуваме вашето работење од сите напнатости кои може да ги предизвика незнаењето или непознавањето на актуелните административни процедури. Ние сме компанија партнер, а не книговодствена компанија каде повторно ќе прашувате дали се што е направено е во ред.Нас не мора да не проверувате ние редовно ве проверуваме вас.
Во директен контакт сме со своите клиенти и можете секогаш да добиете корисен совет и било каква информација во облик и начин на кој сакате. Ние водиме грижа за деталите за кои вие немате време. Благодарејќи на темелното следење и познавање на прописите секогаш сме чекор напред. Знаењето и информациите кои ги поседуваме ни овозможува снаоѓање во шумата на законските регулативи кои може да ве збунат. На нас во потполност можете да се потпрете. За квалитетот на својата работа гарантираме со традицијата и долгата листа на референци. Нашата мисија е да ги задоволиме и надминеме очекувањата на нашите клиенти.
Ние живееме и работиме во вашата деловна иднина. Ве чекаме да ги подигнеме стандардите на вашето работење на повисоко ниво. Нашето знаење го надградуваме со редовно посетување на семинари и читање на стручна литература за промена на законите за трговски друштва. Поседуваме врвен хардвер и софтвер кој што редовно го надградуваме со чија што помош можете да добиете податоци во секое време.

Закажете консултација

Основни средства

>Попис на основни средства и амортизација, во зависност од потребата амортизацијата може да биде нормална или забрзана.

Плати

Изготвувањето на рекапитулари за плата и составување на месечна пресметка за интегрирана наплата на данок и придонеси од плата, изработка на плати за вашите вработени, платни листи, ги пополнуваме сите обрасци кои по потреба ги доставуваме во соодветните установи.

Даноци

-Пресметки на данок на додадена вредност.
-Пресметка на данок на добивка и персонален данок на доход и составување на извештаи за овие видови на даноци
-Изработка на ДДВ зависно од вашиот промет, месечно, тромесечно или годишно.

Завршни

Изготвување на годишни сметки, пресметка на останатите јавни давачки, други активности како и присуство на сметководителот во случаите на вршење контрола над работењето на нарачателот од страна на овластени службени лица од инспекциските и други државни органи.
Книгите се водат во просториите на сметководителот и истите заедно со документацијата секогаш ќе му бидат достапни на нарачателот, односно овластеното лице на истиот.

Финансово работење

-Контирање и составување на налози за книжење
-Водење на главна книга (синтетика)
-Водење на помошни книги (аналитика)
-Водење на аналитика за купувачи и добавувачи
-Составување на разни извештаи и пресметки
-Изготвување на годишни финансиски извештаи за средни и големи субјекти
-Главна книга за компанијата, состојба на приходите, расходи и профит во бараниот период со потребна аналитичка разработка на трошковите

Материјално работење

Материјалното книговодство на големопродажба, така што секогаш имаме податоци за состојбата на магацинот и по цена и по количина на робата.
Материјално книговодство за производство го работиме по работни налози и нормативе за одреден производ, така што секогаш имаме состојба на материјалот на залиха по цена и количина. Изработка на приеми или калкулација зависно на вашата желба, приемите ги водиме по влезни и излезни цени.

Стапете во контакт со нас

Е-пошта

konsaltingplus@konsaltingplus.com.mk

Телефон

+38922402603 ( three lines )

Фејсбук страна

+38922402603

Адреса

Bul. Jane Sandanski Br.59/1-mezanin Skopje 1000

Скопје, Македонија

Контактирајте не